Нов додаток на архивата на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје

Денес, 20ти октомври 2022, на наше големо задоволство бевме посетени од д-р Владимир Наумовски, кој изрази желба да ја збогати архивата на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза.

Д-р Владимир Наумовски е поранешен министер од 1996 до 1998 година и сегашен претседател на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Наумовски своевремено беше шеф на државната делегација која во 1997 година беше во Калкута на погребот на Мајка Тереза. Во оваа прилика нашата архива беше збогатена со фотографии од настанот. Беше пречекан од страна на директорот г. Насер Цури кој му врачи благодарница, а на средбата се разговараше и за можни понатамошни соработки.