Потпишан меморандум за соработка со НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје

В.д. директорката на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, Соња Кузмановска и в.д. директорката на НУ Музеј на македонската борба за самостојност – Скопје, Ана Китановиќ, денес потпишаа меморандум за соработка со цел реализација на заеднички проекти, изложби и активности, како и збогатување на културни содржини за граѓаните и туристите кои претстојуваат во Скопје.