Премиера на филмот „Мајка Тереза и Јас“ во Швајцарија

На 24ти октомври, во просториите на Kino Le Paris во Цирих, филмот „Мајка Тереза и Јас“, швајцарско-индиска продукција во режија и сценарио на Кемал Мусале, го започна своето патување во Швајцарија.

Филмот претставува испреплетена нарација на две паралелни приказни низ генерации, онаа на Мајка Тереза, која вешто ја игра актерката Жаклин Фричи-Корназ и Кавита (Банита Санду) – две жени кои на крајот одлучуваат да го следат својот повик и покрај големите лични сомнежи со кои се соочуваат во животот.

Албанската припадност на Мајка Тереза и нејзиното потекло од Скопје се важни елементи во овој филм. На неговото прво прикажување во Швајцарија имаа можност да одржат говор постојаниот претставник на Република Северна Македонија во ОН во Женева, нејзината екселенција г. Теута Агаи-Демјаха и директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, г. Насер Цури.

Во оваа прилика, г. Насер Цури, во знак на благодарност, на актерката Жаклин Фричи-Корназ и подари медалјон со портретот на Мајка Тереза.