Претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република на посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје

На 23ти октомври, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје ја посети претседателката на Домот на пратеници на Парламентот на Чешката Република, Маркета Пекарова Адамова.
Ја пречека директорот на институцијата, Насер Цури со кого ја разгледаа постојаната поставка на музејот.