Резултати од литературниот конкурс

Годинава, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје, за прв пат организираше литературен конкурс на три теми:

  1. “Ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане пладне”
  2. “Не ни требаат пушки и бомби за да донесеме мир, ни треба љубов и сочувство”
  3. Мисија во име на Бог – љубовта кон сиромашните и болните е предуслов за истрајна борба во спроведување на вербата во човечкото.

На конкурсот пристигнаа 32 раскази кои ги исполнуваа потребните услови (да не бидат подолги од 7200 карактери и да не се претходно објавени). Жири комисијата во состав: Стефан Марковски – член, Владимир Илиевски – член и Снежана Алексовска – претседател, ја донесе следната одлука:

Првата награда му припадна на расказот Живи луѓе на Станка Бајлозова-Барламова

Втората награда му припадна на расказот Ѕид на молитви на Лилјана Пандева

Третата награда им припадна на расказите Маду на Лилјана Пандева и Сочувство на Габриела Стојаноска-Станоеска.

На сите учесници им се заблагодаруваме за продуктивното учество во литературниот конкурс, а на наградените им честитаме.