Таписерија со медалјонче Мајка Тереза

14

Таписерија (од францускиː tapisserie – ткаеница) — текстилна уметност за создавање декоративни покривки за ѕидови и подови, за делови на мебел или како независно уметничко дело. Таписеријата се ткае рачно, на разбој, најчесто со природни предива, волна, лен, памук, свила. Најпознат центар за таписерии бил градот Арас во Франција. Во Македонија првите таписерии ги создаваат Лазар Личеноски и Димче Протуѓер. Подоцна се вклучиле Димче Коцо, Доне Милјановски, Дијана Томиќ-Радевска и Ѓорѓи Здравев. Таписерите во повоена Македонија па се крајот на 20 век биле многу застапени низ македонските домови.

Со овој сувенир се прикажува поврзаноста на Мајка Тереза со нејзиниот роден крај каде таписериите биле дел од домовите.

Мисла: „Вчера не постои. Утре се уште не дошло. Го имаме само денешниот ден. Да започнеме.“

Карактеристики на сувенирот

Изработка: Текстил и бронза (медалјонче)
Димензии: 26х17 цм
Цена: 620 денари