„Мајка Тереза – чудесни приказни“ од Лео Масбург

Мајка Тереза – чудесни приказни

Лео Мазбург

„Мајка Тереза – чудесни приказни“ – книга на отец Лео Масбург, пријател и духовен придружник на големата хуманистка во нејзините мисии низ светот, објавена на македонски и на албански јазик во издание на Спомен-куќата „Мајка Тереза“ – Скопје.

Животот на Мајка Тереза звучи како легенда. Албанското девојче кое на 18 години се приклучи на ирскиот ред на сестри за да оди како мисионерка во Индија стана „Ангел на сиромашните“. Не само христијани, но и муслимани, хиндуси и атеисти ја почитуваат како светица оваа неуморна жена, која во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир. Од гетата на индиската метропола Калкута, ја шири пораката на христијанската љубов кон ближниот низ целиот свет.

Лео Масбург или „Отец Лео“, како што го нарекуваше Мајка Тереза, со години беше нејзин советник и свештеник, придружник на патувањата, личен преведувач на Мајка Тереза.

Точно на 100 – годишниот јубилеј од нејзиниото раѓање „Отец Лео“ ни ги раскажува чудесните и прекрасните приказни кои содржат мали и големи чуда, а кои ги доживеал покрај Мајка Тереза. Овде се прикажува една жена полна со хумор и богат дух, мудра и секогаш подготвена за работа, личност која ни ја носи пораката на надежта во нашево време.

За авторот: Лео Масбург е роден 1948 година во Грац, Австрија. Студирал право, политички науки, теологија, црковно право и наука за мисионерството во Инсбурк, Оксрфорд и Рим. Во 1982 година во Фатима е ракоположен за свештеник. Со години го придружуваше „Ангелот на сиромашните“ во Индија, во Рим и на многубројните патувања меѓу Москва и Њујорк. На Мајка Тереза и’ беше на располагање како свештеник и духовен придружник, но и како посебен пратеник за некои опасни мисии во комунистичкиот Советски Сојуз или во Куба на Фидел Кастро. По нејзината смрт Лео Масбург беше во тимот за прогласување на Мајка Тереза за блажена. Од 2005 година тој е директор на „Папската мисија во Австија“. 

Цена: 480 денари

Издавач: НУ „Спомен – куќа на Мајка Тереза“

Година на издавање: 2010

Повез: Тврд повез

Број на страници: 240

Јазик на оригиналот: Германски јазик

Јазик: Македонски јазик и албански јазик

Преведувач: Мери Ангелеска

Димензии: 22х15,5 цм

21