Генералната Сестра Марија Према ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза
13 септември 2016
По повод Татковинската прослава и Понтификалната света миса одржана на плоштадот Македонија, во чест на Канонизацијата на Мајка Тереза, Генералната Сестра Марија Према беше во посета на градот Скопје и на 13.09.2016 година ја посети Спомен куќата на Мајка Тереза.
Сестра Марија Према Пиерик, МЉ е сегашна Главна сестра на Мисионерките на љубовта, ред основан од Мајка Тереза.




