Годишнината од канонизацијата на Мајка Тереза

Денеска ја одбележуваме годишнината од канонизацијата на Мајка Тереза која беше прогласена за светица на 4 септември 2016та година. Нејзината посветеност да им служи на најсиромашните меѓу сиромашните сé уште продолжува да го инспирира целиот свет.
На оваа годишнина се сеќаваме на нејзините дела и ја потврдуваме нашата посветеност на нејзината мисија на љубов, пожртвуваност и посветеност.
Нека нејзиниот пример продолжи да не инспирира да им помагаме на сите со љубов и добрина, а нејзините учења нека не водат низ нашата секојдневна работа чувајќи го нејзиното наследство.