Градоначалникот и директорите на основните училишта на општина Чаир во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза
Денес НУ Спомен куќа на Мајка Тереза ја посети градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, заедно со директорите на основните училишта.
Тие остварија средба и со директорот на установата, Насер Цури, со кого ги финализираа плановите за соработка меѓу институцијата и општината.
Воедно, директорот ја претстави постојаната поставка на музејот како и изложбата на Државниот архив, која моментално се наоѓа во мултимедијалниот простор на институцијата.







