Директорот на Државен архив на РСМ во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Денес во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза беше директорот на Државен архив на Република Северна Македонија, г. Музафер Бислими. Го пречека директорот на институцијата г. Насер Цури кој му ја претстави поставката на музејот. Соработката помеѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Државен архив продолжува со тоа што г. Бислими му предаде наг. Цури ЦД со документи од животот на Мајка Тереза кои досега не биле достапни за јавноста.