Директорот на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза на средба со скопскиот бискуп д-р Киро Стојанов

На 27ми јануари, директорот на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза г-дин Насер Цури беше гостин во бискупската резиденција каде беше пречекан од монсињор д-р Киро Стојанов, скопскиот бискуп и апостолски егзарх на католиците во Р.С. Македонија.

На оваа прва официјална средба, бискупот д-р Киро Стојанов и директорот на Спомен куќата г-дин Насер Цури разговараа за идните заеднички соработки за уште поголема афирмација на ликот и делото на Св. Мајка Тереза.