Директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза на деловна посета во Тирана

На 1ви октомври директорот на НУ Споме куќа на Мајка Тереза, Насер Цури, го посети Културно информативниот центар на РСМ во Тирана, Албанија. На средбата со директорот Златко Ориѓански, тие разговараа за можни соработки во иднина.

Исто така, директорот Цури ја најде куќата во која живеело семејството на Мајка Тереза во Тирана.