Дон Армандо Заполини, основач на здружението Bhalobasa на посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје
На 29ти јули, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје ја посети Дон Армандо Заполини. Тој е познат по неговата хуманитарна работа во Индија како близок соработник на Мајка Тереза но и по неговото Здружение Bhalobasa.
Името „Bhalobasa“ на бенгалски значи „Љубов“ и е одраз на посветеноста на организацијата за подобрување на животот на загрозените деца, особено на оние кои живеат во сиромаштија или се соочуваат со значителни тешкотии. Идејата за отворање на оваа асоцијација е инспирирана од мисијата на Мајка Тереза.
Тој на Спомен куќа и подари публикација во која се содржани фотографии од соработката на здружението со светицата од Скопје.

