Изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“ во Европскиот парламент во Брисел

Во организација на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Католичката црква во Македонија, а на барање на Европскиот парламент, на 4 декември 2018год. во просториите на Европскиот парламент во Брисел ќе се отвори изложбата „Мајка Тереза – светица од Скопје, светица на светот“. Во рамките на оваа изложба ќе бидат изложени 24 колажи кои ќе го претстават животниот пат на најголемата хуманитарка на XX век, почнувајќи од нејзиното детство и младост во Скопје, до нејзината канонизација, односно прогласување за светица. Презентацијата на ликот и делото на Мајка Тереза ќе биде можност за промоција на културата во Република Македонија, а особено на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза.