Изложба “Една од нас”

Изложбата “Една од нас: Мајка Тереза” ќе биде поставена во Музејот за македонска борба од 8ми до 31ви март 2024 година, со што ќе се одбележи меѓународниот ден на жената. Како жена, наша сограѓанка, која пред многу години го напушта родното огниште и заминува во партијахална средина успева да се избори не само за себе туку и за подобар живот на илјадници луѓе во Индија, а подоцна и низ целиот свет.

Изложбата ја сочинуваат 20ина колажи кои го раскажуваат животниот пат на Мајка Тереза од нејзиното раѓање во Скопје, започнувањето на мисијата во Ирска, мисионерската работа во Индија па се до нејзината канонизација. Поставувањето на изложбата е прв настан по потпишувањето на меморандумот за соработка помеѓу двете институции, а во иднина оваа соработка ќе се продлабочи.

Во своето 15 годишно работење спомен куќата на Мајка Тереза има остварено успешни соработки со повеќе сродни институции во земјата преку свои изложби во Охрид, Крива Паланка, Велес, Гевгелија, Битола, Виница, Крушево. Исто така има свои претставувања на меѓународно ниво во Бугарија, Полска, Словенија, Јапонија, Белгија, Романија, Франција.