Изложба за Мајка Тереза подготвена од Државниот архив отворена за посетителите на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза
Од 15ти септември во мултимедијалниот центар на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза ќе биде отворена за посетителите Изложба за Мајка Тереза подготвена од Државниот архив по повод 25-годишнината од нејзината смрт.
Изложбата е посветена на животот и делото на Светицата Мајка Тереза. На истата повеќето документи за прв пат се презентираат пред јавноста.
Изложбата ќе биде отворена до 25ти септември.




