Изложба „Мајка Тереза – вечен ангел на милосрдието“

10.11.2015

На ден 10.11.2015, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во соработка со Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес ја отвори изложбата „Мајка Тереза – вечен ангел на милосрдието“. Истата беше планирано да биде отворена до 19.11.2016 година, но на барање на велешката публика траењето на изложбата се продолжи за уште седум дена и ќе биде отворена до 25.11.2015 година.

Изложбата е составена од 50-тина фотографии од повеќе збирки од архивата на Спомен куќата: фотографии од семејството на Мајка Тереза како и фотографии од периодот кој таа го поминала во Скопје, фотографии откупени од хрватскиот фоторепортер Звонимир Атлетиќ, фотографии откупени од OSS Romano и новинската агенцијата East News. Од документарните филмови беше прикажан филмот „Посета на Мајка Тереза на Скопје“, како и документарниот филм откупен од Нобеловиот комитет – говорот на Мајка Тереза по повод добивањето на Нобеловата награда.

На присутните им се обратија директорите на двете институции кои го реализираа проектот, како и Цветанка Вучковска – комесар на изложбата.