Изложба „Мајка Тереза – вечен ангел на милосрдието“
07 јуни 2016
На ден 07.06.2016 година со почеток во 11:30 часот, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза во соработка со НУ Спомен куќа на Тодор Проески во Крушево ја отвори изложбата „Мајка Тереза – вечен ангел на милосрдието“. Комесар на изложбата е Цветанка Вучковска – Митовска. Истата ќе биде отворена до 22.06.2016 година.
Изложбата е составена од 50-тина фотографии од повеќе збирки од архивата на Спомен куќата: фотографии од семејството на Мајка Тереза како и фотографии од периодот кој таа го поминала во Скопје, фотографии откупени од хрватскиот фоторепортер Звонимир Атлетиќ, фотографии откупени од OSS Romano, новинската агенцијата East News. Од документарните филмови беше прикажан филмот „Посета на Мајка Тереза на Скопје“.
На присутните им се обратија директорите на двете институции кои го реализираа проектот, д-р Коте Тасевски – прв добитник на наградата Мајка Тереза, Славе Николовски -Катин, а свој настап со песната „Проштевање“ имаше и доајенот на македонската забавна музика- Драган Мијалковски. Милијана Стојановиќ, ученичка во ОУ Лазо Ангеловски од Скопје, ја изрецитира поемата “Проштевање” напишана од Гонџа Бојаџиу.








