Изложба “Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на светот”, Валандово
На 12ти јуни, во просториите на ЈОУ Домот на култура “25 Мај” во Валандово, беше отворена изложбата “Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на светот”.
Изложбата е дел од проектот Културен караван, и досега ја имаме изложено во повеќе градови низ Македонија. Се состои од 22 колажи, со фотографии и текст, кои го раскажуваат животниот пат на Мајка Тереза.
На присутните им се обратија Деан Исиров, директор на Домот на култура 25 мај, Соња Кузмановска, вд директорка на Спомен куќата на Мајка Тереза и Снежана Алексовска, куратор на изложбата.


