Каталог “Спомен куќа на Мајка Тереза – 15 години 2009-2024

Каталогот “Спомен куќа на Мајка Тереза – 15 години 2009-2024” е изработен по повод 15 годишнината од отворањето на Спомен куќата. Во него се обработени сите познајчани активности, изложби и проекти со кои ние како институција особено се гордееме. Поделен е на 7 теми: капела, значајни личности, книга на впечатоци, инклузивност, караван, меѓународни изложби и маркетинг. Секоја тема е претставена со текст и фотографии, а автори на истите се: Андриана Јелиќ (Значајни личности и Меѓународни изложби), Цветанка Вучковска – Митовска (Капела и Инклузивност), Снежана Алексовска (Книга на впечатоци и Културен караван) и Сузана Цветановска (Маркетинг).