Конкурс за краток расказ
НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје распишува конкурс за расказ на три понудени теми:
- “Ако му дадеш леб на гладниот, ако го наситиш угнетуваниот, твојата светлина ќе засвети во темнината, и твојата темнина ќе стане пладне”
- “Не ни требаат пушки и бомби за да донесеме мир, ни треба љубов и сочувство”
- Мисија во име на Бог – љубовта кон сиромашните и болните е предуслов за истрајна борба во спроведување на вербата во човечкото
Рокот за испраќање на расказите е до 1ви август 2023 година. Резултатите ќе бидат објавени на 15ти август. Доделувањето на наградите и благодарниците ќе биде на 5ти септември 2023 година.
Услови:
- расказите да не бидат подолги од 7200 карактери
- расказите да не се претходно објавени
- расказите можат да бидат испратени на македонски, албански и англиски јазик.
По избор на жирито најдобрите раскази ќе бидат објавени во збирка, а за првите три места следуваат парични награди:
- 1во место: 15.000 денари
- 2ро место: 10.000 денари
- 3то место: 5.000 денари
Расказите треба да се испратат на info@memorialhouseofmotherteresa.com со назнака “За литературен конкурс”.