Кустосите од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза на семинари подржани од проектот ЕдуКон

Во текот на 2022 година, нашите кустоси мр. Андриана Јелиќ, Цветанка Вучковска – Митовска и Снежана Алексовска беа дел од неколку семинари од проектот ЕдуКон, поддржани од Хедли Траст од Кралството на Велика Британија и Фондот на холокаустот, одржани во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите на Македонија. “Интерпретација на културното наследство и музеите” предавач Драгана Луција Ратковиќ Ајдемир “Кон пристапни музеи” предавач Милена Милошевиќ Мициќ “Херитолошки технологии” предавачи др Милица Божиќ Маројевиќ и Никола Крстовиќ “Односи со јавност и промоција на музејското работење” предавачи Љубица Ангелкова и Верица Јорданова.