Кустосите од НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје беа дел од работилницата “Интерпретирање на наследството” во рамки на Европските денови на културното наследство
Кустосите мр. Андриана Јелиќ и Снежана Алексовска на 22ри ноември 2022 година беа дел од дводневна работилница насловена “Интерпретирање на наследството”, организирана во рамките на Европските денови на културното наследство. Предавач на работилницата беше Валиа Стергиоти, а истата беше организирана во НУ Музеј на РСМ.
