Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот
Изложбата “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот” е посветена на животот и делото на големата хуманистка Мајка Тереза. Содржи 21 колаж со фотографии и текст кои го прикажуваат старо Скопје – родниот град на Мајка Тереза, детството и младоста на Гонџа, транцизицијата од Гонџа во сестра Тереза, позначајните награди и признанија, нејзините посети на Скопје, нејзината смрт, беатификација и канонизација. Еден од колажите е и поемата “Проштевање” што Мајка Тереза ја пишува на своето патување од Ирска до Индија. Претходно оваа изложба беше прикажана во Италија, Полска, Јапонија, Словенија како и низ повеќе градови во државава и во просториите на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. Изложбата ќе биде отворена во Домот на култура “Тошо Арсов” во Виница на 10 декември 2019 година во 13 часот и истата ќе може да се посети до крај на годината