Мирот започнува со НАСМЕВКА
НУ Спомен куќа на Мајка Тереза има чест да ве покани на отворањето на изложбата „Mирот започнува со насмевка“, на 26ти август, во 11 часот.
Изложбата се организира по повод 115 години од раѓањето на Мајка Тереза. Составена е од фотографии и нејзини инспиративни цитати и не потсетува дека вистинската љубов и грижа за другиот започнуваат со едноставен гест – насмевка.
Истата ќе биде поставена на терасата, на првиот кат, пред надворешниот влез од капелата.
