Положување на цвеќе по повод 111 години од раѓањето на Мајка Тереза

По повод 111 години од раѓањето на Мајка Тереза, директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, Аријан Асланај, заедно со Димче Петрушевски, претседател на граѓанското здружението “Скопјанката Мајка Тереза” и Живко Поповски – Цветин, уметник, положија цвеќе на споменикот на Мајка Тереза пред Спомен куќата.