Посета на Бајрам Бегај, претседател на Албанија
Денеска НУ Спомен куќата на Мајка Тереза имаше чест да го пречека Бајрам Бегај, претседател на Албанија, во придружба на Беким Сали, вицепремиер на Р. Македонија.
Низ музејската поставка гостите ги водеше кустосот Снежана Алексовска, презентирајќи ги животот и хуманата мисија на Мајка Тереза, како и значењето на нејзиното духовно и културно наследство.



