Посета на отец Лео Масбург
07 ноември 2016
Спомен Куќата на Мајка Тереза беше посетена од страна на отец Лео Масбург кој своевремено бил голем пријател и единствениот свештеник од германско говорно подрачје коj и бил духовен придружник и сопатник на големата хуманистка во нејзините мисии низ светот. Исто така тој ја има и напишано книгата “Мајка Тереза – чудесни приказни”, издадена на 100-годишниот јубилеј од нејзиното раѓање. По нејзината смрт Лео Масбург беше во тимот за прогласување на Мајка Тереза за блажена.
Во книгата“Мајка Тереза – чудесни приказни” се раскажува за заедничкото патување на отецот со Мајка Тереза,во која се задржува на нејзината хуманост и човечност, како и почитта која таа ја има од луѓето без разлика на нивната етничка припадност. Нејзиното прво издание (оригинално на германски јазик) е прогласено за бестселер. Сега книгата е достапна и на македонски, албански и англиски јазик, а преведена е и на француски, италијански, корејски, норвешки и многу други јазици.




