Посета на претседателката на Индија, Драупади Мурму
Денеска, НУ Спомен куќата на Мајка Тереза, ја посети претседателката на Индија, Драупади Мурму. Беше пречекана од претседателката на РС Македонија, Гордана Силјановска – Давкова, Скопскиот бискуп и Струмичко-скопскиот епарх Киро Стојанов, и в.д. директорката на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза, Соња Кузмановска.
Низ музејската поставка гостите ги водеше Aндриана Јелиќ, претставувајќи им го животот, делото и хуманата мисија на Мајка Тереза.









