Посета на Советот за културно наследство од Косово

Членовите на Советот за културно наследство од Косово, при нивната посета на РСМ, се сретнаа со Аријан Асланај, директор на Управата за заштита на културно наследство. Во текот на средбата се разговараше за активностите кои ќе се организираат како резултат на договорот за соработка, преку кој ќе се врши размена на експерти и професионалци во процесот на евалуација на културното наследство, проекти, организирање на конференции и други активности во интерес на заштита на културното наследство. Претставниците на Советот за културно наследство од Косово, потоа го посетија и Археолошкиот музеј каде што беа пречекани од страна на директорката Славица Бабамова. Нивната посета се заокружи со посета на Спомен куќата на Мајка Тереза, каде што беа пречекани од директорот Насер Цури. Тука се разменија идеа за понатамошни проекти и взаемни посети на претставници од двете институции. На сите средби, пристутни беа и Афет Јашари и Гордан Николов, советници во Министерството за култура.