Проблеми и недостатоци

Директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, г. Насер Цури, веднаш по преземањето на функцијата се заложи за решавање на проблемите и недостатоците кои со текот на времето се јавуваат во објектот. Денес во детална обиколка со домаќинот на музејот беа утврдени недостатоците во: амфитеатарот, депото, дворишниот простор и хортикултурното уредување, фасадните банери, увид во видео надзорот и кровот на капелата. При оваа обиколка се направи листа на приоритети и можни решенија, а директорот ангажирано посочи дека истите ќе се решаваат систематски.