Промоција на книгата „Писма на Мајка Тереза“

Денес во просториите на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза се одржа промоцијата на книгата „Писма на Гонџе Бојаџиу“ од авторот Антон Ник Бериша во соработка со Институт за духовно и културно наследство на Албанците.

На промоцијата присуствуваа повеќе гости меѓу кои амбасадорот на Р. Косово, претставник од амбасадата на Р. Албанија, министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи, претседател на Економската комора на северо-западна Македонија и директорот на Агенција за примена на јазикот Илбер Села.

После промоцијата директорот ги покани присутните на скромен коктел организиран од страна на институцијата.