Промоција на новите 32 преведени книги на проектот „Ѕвездите на светската книжевност“

04 јуни 2015

Промоција на новите 32 преведени книги на проектот „Ѕвездите на светската книжевност“ од страна на премиерот Никола Груевски и министерката за култура Елизабета Канческа – Милевска.

Меѓу новите наслови некои првпат добиваат превод на македонски јазик, како ремек-делото на светската книжевност „Гаргантуа и Пантагруел“ на Франсоа Рабле, некои наслови со оваа серија се комплетирани во томови, како „Војна и мир“ на Толстој и „Човек без својства“ на Мусил, објавени се и Исповедите на свети Августин, индискиот еп „Рамајана“, поезија од хеленски автори, драми на Тенеси Вилијамс, романи од Флобер, Балзак, Дикенс, Фокнер, Амадо, автобиографијата на Елијас Канети.