Роберт Алаѓозовски во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Денес во посета на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје беше Роберт Алаѓозовски, Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.
Го пречека директорот на институцијата, Насер Цури со кого одржаа краток состанок на кој разговараа за соработка во иднината.