Соработка меѓу НУ Спомен куќа на Мајка Тереза и Општина Чаир

На 15ти септември директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, г.Насер Цури имаше средба со градоначалникот на општина Чаир г.Висар Ганиу.

На средбата меѓу другото се разговараше и за соработка меѓу општина Чаир и НУ Спомен куќа на Мајка Тереза со која учениците на основните училишта ќе имаат можност организирано од страна на училиштата да го посетат музејот и да се запознаат со ликот на Мајка Тереза.