Три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза
Денеска во Спомен куќата на Мајка Тереза – Скопје, во фокус беа три изложби посветени на животот, делото и наследството на Мајка Тереза.
„Мирот започнува со насмевка“, „Наследството на Мајка Тереза“ и „Апостолот на мирот и љубовта преку зборовите на познатите“ преку фотографии, сведоштва и мисли ја пренесуваат нејзината порака за мир, љубов, човечност и грижа за другиот.
Преку фотографии Ви пренесуваме дел од атмосферата од денешниот настан.













