Три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза на 26.08.2026 година
Спомен куќата на Мајка Тереза – Скопје има чест да Ве покани на посета на три изложби посветени на животот и делото на Мајка Тереза.
„МИРОТ ЗАПОЧНУВА СО НАСМЕВКА“
Изложба составена од фотографии и инспиративни мисли на Мајка Тереза, која преку нејзините пораки потсетува на значењето на љубовта, човечноста и грижата за другиот, започнувајќи од еден едноставен, но моќен гест – насмевката.
„НАСЛЕДСТВОТО НА МАЈКА ТЕРЕЗА“
Изложба на Патриција Морено Руиз – Олалде, новинарка и волонтерка во редот на Мисионерките на љубовта. Преку 29 фотографии и придружни текстови, изложбата го претставува нејзиното лично волонтерско искуство и сведоштвата од центрите раководени од сестрите Мисионерки на љубовта.
„АПОСТОЛОТ НА МИРОТ И ЉУБОВТА ПРЕКУ ЗБОРОВИТЕ НА ПОЗНАТИТЕ“
Изложба на фотографии на Мајка Тереза со значајни личности од современата историја, меѓу кои папата Јован Павле II, кралицата Елизабета II, принцот Чарлс, Далај Лама, Јасер Арафат и принцезата Дијана. Фотографиите се проследени со нивни мисли и сведоштва посветени на Мајка Тереза и нејзиното дело.
Среда(26.08.2026), во 11:00 часот
Спомен куќа на Мајка Тереза – Скопје
Изложбите ќе бидат достапни за посетителите во просториите на Спомен куќата.
Ве очекуваме
