Учество на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза на меѓународната конференција „Балкански музеи без бариери #2“
Од 20 до 21 јуни во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во Скопје, се одржа меѓународната конференција „Балкански музеи без бариери #2“. Настанот беше во организација на Балканската музејска мрежа (Balkan Museum Network) и Фондацијата Културно наследство без граници од Босна и Херцеговина (Cultural Heritage without Borders).
На конференцијата учествуваа претставници од различни видови на музеи од Балканот и пошироко, меѓу кои имаше и претставници од НУ Спомен куќа Мајка Тереза од Скопје.
Во оваа прилика им благодариме за можноста за учество и за соработката!