10 години Света Тереза од Калкута

На 4 септември 2016 година, на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, Мајка Тереза беше прогласена за светица – Света Тереза од Калкута. Десет години подоцна, нејзиното име продолжува да биде синоним за милосрдие, човечност и несебична љубов кон човекот.

Родена во Скопје како Гонџа Бојаџиу, таа од родниот град го започна својот животен пат, кој подоцна ќе ја одведе во Калкута и низ целиот свет. Но, без оглед на далечината, Скопје остана местото од кое започна нејзината приказна.

Нејзиното наследство не се мери само со признанијата и спомените што ги остави зад себе, туку пред сè со безбројните животи што ги допре со едноставен гест, со збор на утеха и со подадена рака.

Денес, Спомен куќата на Мајка Тереза во Скопје го чува сеќавањето на оваа исклучителна жена и на нејзината порака, која и по десет години од канонизацијата останува еднакво силна: да го препознаеме човекот пред нас и да направиме добро дело со љубов.