112 години од раѓањето на Света Мајка Тереза

Денес одбележуваме 112 години од раѓањето на Света Мајка Тереза.

На денешен ден, во 1910 година родена е Гонџа Агнес Бојаџиу во Скопје. Најмала од три деца, Гонџа од рани години го научила правилото да се помогне на секој кој му е потребна помош кое владеело во нејзиното семејство.

Првиот повик од Господ го добива на 12 годишна возраст, а на 18 години го напушта Скопје и се придружува на Сестрите Лорето.

Во 1946 година доживува „повик во повик“ инспирација да ги напушти сестрите Лорето и да ја започне нејзината мисија грижејќи се за болните и сиромашните на улиците на Индија.

Во 1979 ја добива Нобеловата награда за мир и станува првата добитничка на наградата од Македонија.

Две години после нејзината смрт започнат е процесот на нејзината беатификација и канонизација. Во 2003 година е прогласена Блажена и во 2016 година е прогласена за светица.