115 години од раѓањето на Мајка Тереза

Пред 115 години се роди жена чиј живот беше посветен на љубовта и грижата за другите. Денес се сеќаваме на Мајка Тереза и на пораката што ја остави – добрината е сила што го менува светот. Мајка Тереза веруваше дека и најмалото дело направено со љубов може да донесе промена во светот. Нејзините зборови „Не можеме сите да правиме големи работи, но можеме да правиме мали работи со голема љубов“ се водилка за многу луѓе и ден денес.

Гонџа, уште од мала возраст покажувала сочувство кон другите. Била тивка, но многу посветена и со силна духовна страна. Големо влијание врз неа имала локалната црква „Свето Срце Исусово“ во Скопје. Тука тааго почувствувала повикот да му служи на Бога. На само 12 години веќе знаела дека сака да стане мисионерка и да им помага на сиромашните. На 18-годишна возраст, го напуштила својот дом и заминала во Ирска, а потоа во Индија, каде што го започнала своето мисионерско патување.

„Мирот започнува со насмевка“