116 години од раѓањето на Мајка Тереза

Денес одбележуваме 116 години од раѓањето на Мајка Тереза – жена чие име стана симбол на човечноста, милосрдието и несебичната грижа за другиот.

Пред нејзиниот споменик, во непосредна близина на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, положивме цвеќе во чест на нејзиниот живот, дело и трајна порака дека и најмалиот чин на добрина може да направи разлика.

Со почит го чуваме споменот на скопјанката која својот живот го посвети на оние на кои им била најпотребна помош и љубов.