29 години од смртта на Мајка Тереза
Денес, 5ти септември, се навршуваат 29 години од смртта на Мајка Тереза. На овој ден се сеќаваме на нејзиниот живот исполнет со љубов, милосрдие и посветеност кон оние на кои им е најпотребно.
Во чест на Мајка Тереза, денес положивме цвеќе пред нејзиниот споменик, оддавајќи почит на нејзиното дело.
29 години подоцна, нејзината порака за љубов, добрина и човечност продолжува да живее и да инспирира.
