4 години од прогласувањето на Мајка Тереза за светица

Денеска навршуваат 4 години откако на 4ти септември 2016 година Мајка Тереза беше официјално прогласена за светица од страна на папата Франциск. Церемонијата се одржа на плоштадот “Свети Петар” во Ватикан пред повеќе од десетици илјади верници, меѓу кои: Татко Брајан Колоџејчук, МЉ, кој е постулатор за беатификацијата и канонизацијата на Мајка Тереза ​​од Калкута и директор на Центарот Мајка Тереза; Аге Бојаџиу (внуката на Мајка Тереза) и нејзиното семејство; делегација од Република Македонија; Кралицата Софија од Шпанија и други членови на кралски семејства; претставници на дипломатскиот кор, стотици сестри од Мисионерките на милосрдието од целиот свет, како и претставници на различни верски заедници, свештеници, верници и поддржувачи на Мајка Тереза.

Кардиналот Анџело Амато – префект на Конгрегацијата за прогласување за светци, прочита кратка биографија за делата на Мајка Тереза, а потоа папата Франциск ја канонизира во името на Црквата со зборовите: “Да ја носиме нејзината насмевка во нашите срца и да им ја даваме на оние кои ги среќаваме за време на нашето патување, особено на оние кои страдаат. Ја прогласуваме Блажената Тереза ​​од Калкута да биде светица и ја запишуваме меѓу светците, и таа треба да биде почитувана како таква од страна на целата Црква.”