15 годишнина од отварањето на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Денеска, 30.1.2024, навршуваат 15 години од отворањето на НУ Спомен куќата на Мајка Тереза. Во текот на овие години, објектот го доби и задржа приматот на најпосетен музеј во РС Македонија.  Горди сме, и можеме да се пофалиме со голем број постигнати успеси, домашни и меѓународни изложби, проекти, публикувани дела, а тоа е тренд со кој планираме да продложиме и во иднина.

Во продолжение на кратко ќе ја претставиме нашата историја. Спомен куќата е основана со одлука на Влада на РСМ на ден 25.07.2008 година заради заштита, истражување, одржување, користење и презентација на музејски предмети поврзани со животот, делото и мисијата на Мајка Тереза. Официјалното отворање на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза е на 30ти јануари 2009 година, а самата локација не е случајно избрана. На ова место до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква Пресвето срце Исусово во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање. Редот на езуитите кои меѓу двете светски војни ја предводеле католочката црква во Скопје, особено отецот Јамбрековиќ, одиграле клучна улога во одлуката на младата Гонџа да го напушти родното Скопје и семејството и својот живот да го посвети на Бога. Музејот претставува мултифункционална градба составена од три дела: галерија-изложбен простор, капела-духовен простор и амфитеатар–мултимедијален простор. По повод канонизацијата на Мајка Тереза, на 04.09.2016 година, капелата официјално беше прогласена за светилиште.

            Последните неколку години сме организатори на манифестацијата ‘Денови на Мајка Тереза” и како дел од истата орагнизиравме различни изложби, промоции на книги, литературен конкурс, крводарителска акција. Истата се организира во периодот од 28ми август до 5ти септември, дати кои ги одбележуваат раѓањето и смртта на Мајка Тереза. Манифестацијата, оваа 2024та година, ќе се одржи во знакот на одбележување на 15 годишнината од отворањето на спомен куќата. Ќе бидат организирани поголем број на настани, а главно место ќе завземе Ретроспективната изложба на која ќе ја претставиме работата на музејот во изминатите 15 години.

            Во исчекување на истата, во прилог сите позначајни настани со кои музејот најмногу се гордее:

Меѓународни изложби:

2012 година – Рим, Италија “Блажената Мајка Тереза од Калкута – Икона на милосрдието”

2014 година – Софија, Бугарија “Мајка Тереза– Икона на милосрдието”, КИЦ на Рм во Софија

2016 година – Рим, Италија “Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на светот”, црква Св. Станислав

2017/2018 година – Катовице, Киелце, Познањ “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”

2017 година – Токио, Јапонија “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, Универзитет Софија

2018 година – Брисел, Белгија “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, Европски парламент

2019 година – Марибор, Словенија “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, Галерија Епека

2022 година – Лизје, Франција “Двете рози на Исус”, катедрала Св. Петар

2023 година – Темишвар, Романија “Од Скопје до небесата”, Советот на округот Тимиш

Во РС Македонија:

26.08.2010 година – Изложба на фотографии од авторот Ѕвонимир Атлетиќ “Мајка Тереза – мајка на сиромашните”, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

мај 2010 година – “Животот и делото на Скопјанката Мајка Тереза”, хотел Мак Петрол, Охрид (втора светска конференција за меѓурелигиски и меѓуцивилизациски дијалог)

2010 година – “Животот и делото на Скопјанката Мајка Тереза”, Институт за заштита на културно и духовно наследство на албанците во Македонија

октомври 2010 година – “Животот и делото на Скопјанката Мајка Тереза”, КИЦ, Скопје, во рамки на поетскиот фестивал на влашка култура

26.08.2011 година – Презентација на фотографии од L’Osservatore Romano, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

25.08.2013 година – “Мајка Тереза”, изложба од познатиот канадски сликар со македонско потекло Мајкл Клосе, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

октомври 2013 година – Изложба на печатени статии за беатификацијата на Мајка Тереза по повод одбележување на десет годишнината од беатификацијата на Мајка Тереза, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

26.08.2014 година – Изложба на откупени фотографии од агенцијата East News, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

26.08.2015 година – Изложба на фотографии откупени од Associated Press, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

30.09.2016 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, изложба за ОБСЕ, Хотел Мериот

04.09.2017 година – “Мајка Тереза – Светица од Скопје, Светица на светот”, по повод 20 години од смртта и 1 година од канонизацијата на Мајка Тереза, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

05.09.2018 година – “Наследството на Мајка Тереза” изложба на фотографии на Патриција Морено Руиз Олалде

10.12.2019 година – “Мајка Тереза- Светица од Скопје, Светица на светот”, Дом на култура Тошо Арсов, Виница

26.08.2020 година – “Љубовта нема граници”, изложба на Сњежана Мелник и Наталиа Будлинска, во соработка со Здружение на Хрватите во РСМ

26.08.2022 година – “Ретроспективна изложба”, мултимедијален простор, НУ Спомен куќа на Мајка Тереза

Караван – Патувачка изложба и промоција на филмови

22.12.2012 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Центар за култура “Антон Панов”, Струмица

16.12.2013 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Градски музеј, Крива Паланка

17.12.2014 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Универзитетска библиотека Св. Климент Охридски, Битола

10.11.2015 година – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Градска Библиотека “Гоце Делчев”, Велес

07.06.2016 – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, Спомен куќа на Тоше Проески, Крушево

07.12.2018 година – 07.06.2016 – “Мајка Тереза – Вечен ангел на милосрдието”, хотел Аполонија, Гевгелија

            Од огромно значење за нас беше и посетата на папата Франциск на 7ми мај 2019 година. Тој ја посети спомен куќата и одржа молитва во капелата заедно со лидерите на верските заедници, а оствари и средба со сиромашните. Во своето обраќање, непосредно пред неговото доаѓање, тој изјави: Мојата посета ја посветувам и на Мајка Тереза, родена и израсната во Скопје, која преку благодатта Божја, стана храбра мисионерка на Христовата милост во светот, давајќи утеха и достоинство на најсиромашните меѓу сиромашните.

            НУ Спомен куќа на Мајка Тереза може да се пофали и со две награди од ИКОМ кои и беа доделени на Цветанка Вучковска – Митовска, виш кустос, за музејски проект на годината за 2022 година за проектот “Двете рози на Исус” и за 2016 година за проектот “Тишината раскажува за Мајка Тереза”.

            За да се задоволат потребите на сите посетители на Спомен куќата, изработени се и Видео презентација/филм за лица со оштетен слух, глуви и наглуви лица, водич со брајово писмо и брошура за лиац со дилексија. Во филмот “Тишината раскажува за Мајка Тереза”се прикажуваат фотографии и документи од животот и делото на Мајка Тереза, пропратени со снимка на која толкувачот ги објаснува истите, односно ја раскажува приказната за нашата најпозната сограѓанка. Водичот со брајово писмо ги содржи сите потребни информации за Спомен куѓата придружени со текст кој го раскажува животниот пат на Мајка Тереза. Брошурата за лица со дислексија е изработена со специјалниот фонт DyslexicFZF кој е прв кирилски фонт за лица со дислексија и истата содржи фотографии и текст за животот и делото на Мајка Тереза како и информации за спомен куќата. Спомен куќа на Мајка Тереза има пристапност и за лица со инвалидска количка, кои со лифт можат да пристапат до сите спратови на објектот.

            Дел од публикуваните дела се: Фотомонографија за НУ Спомен куќа на Мајка Тереза, сликовница “Приказна за добрината” од Цветанка Вучковска – Митовска (издадена на 3 јазици), Mother Teresa’s quotes од Сузана Цветановска, Тhe life of St. Teresa of Calcutta од Сузана Цветановска, Збирка раскази од литературен конкурс 2023.

Во овие 15 години остваривме соработки со голем број на институции кои резултираа со изложби, семинари, меморандуми. Нашите кустоси беа дел од семинари на кои го надоградија своето знаење од областа на музеологијата и ја промовираа спомен куќата.

Ќе продолжиме и понатаму со работата и посветеноста на најдобар начин да го промовираме животот и делото на Мајка Тереза, а на Вам останува да не посетите и да ни помогнете во истото.